Најмалку 97 луѓе загинаа и стотици се повредени во борбите ширум Судан, а Светската здравствена организација (СЗО) вели дека дел од болниците веќе немаат залихи за да ги лекуваат повредените.
Борбите избувнаа во саботата помеѓу армиските единици лојални на генералот Абдел Фатах ал-Бурхам, кој ја предводи транизициската влада, паравоените единици за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало, кој е заменик на ал-Бурхам во транзициската влада.
Двете групи се обединија во 2019 година за да го соборат од власт исламистот Омар ал-Башир. Борбите избија по несогласувањата околу интеграцијата на РСФ во армијата што требаше да биде дел од транзицијата кон цивилна власт по пучот во 2021 година.