РЕГИСТРИРАНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ФЛУРОНА ВО НЕКОЛКУ ДРЖАВИ, ИСТОВРЕМЕНА ЗАРАЗА СО ГРИП И КОВИД-19

    РЕГИСТРИРАНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ФЛУРОНА ВО НЕКОЛКУ ДРЖАВИ, ИСТОВРЕМЕНА ЗАРАЗА СО ГРИП И КОВИД-19Засега е непознато дали комбинацијата на овие два вируса може да предизвика посериозна болест (Фото: Јуроњуз)

    Првите случаи на истовремена зараза со ковид-19 и грип, наречено флурона, се регистрирани во неколку држави, вклучувајќи го Израел. Локалните медиуми објавија дека пациентот е млада невакцинирана трудница која била хоспитализирана со благи симптоми. Израелските истражувачи сега испитуваат дали комбинацијата на овие два вируса може да предизвика посериозна болест.

    На пациентката ѝ беа дијагностицирани ковид-19 и грип набргу по приемот во болницата. Двата теста беа позитивни. Ова е иста болест. Тие се вирусни и предизвикуваат тешкотии во дишењето бидејќи го напаѓаат горниот респираторен тракт“, изјави Арнон Вижницер, директорот на гинеколошкото одделение во болницата во Петах Тиква.

    Моментално малку се знае за флурона, која, според СЗО, веќе е регистрирана и во САД и низ Азија. Прв случај денеска пријави и Хрватска.

    Не е непознато дека можете да се заразите со повеќе патогени одеднаш. Ќе видиме каква клиничка слика имаат лица кои се заразени со двата вируса“, изјавија од Заводот за јавно здравје во Загреб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира