РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ЈА ОБЕЗБЕДИЈА КОНТРОЛАТА И ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ВО КОНГРЕСОТ

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ЈА ОБЕЗБЕДИЈА КОНТРОЛАТА И ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ВО КОНГРЕСОТРепубликанската партија ќе има најмалку 218 места потребни за контрола на долниот дом на Конгресот (Фото: АП)

    Републиканците ќе ги контролираат двата дома на американскиот Конгрес кога Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа, што ќе му овозможи да ја спроведува својата агенда за кратење на даноците, намалување на федералната администрација и назначување функционери и судии.

    Американските медиуми објавија дека Републиканската партија ќе има најмалку 218 места потребни за контрола на долниот дом на Конгресот, додека се уште не е јасно кој ќе ги освои преостанатите девет места. Партијата на Трамп веќе ја обезбеди контролата во Сенатот со најмалку 52-48, додека едно место засега не е решено.

    За време на првиот мандат од 2017 до 2021, најголемото постигнување на Трамп беше големото намалување на даноците, што треба да истече следната година.

    Власта на Трамп ќе биде поддржана и од конзервативното мнозинство од 6-3 во Врховниот суд, што вклучува и тројца судии назначени од него.

    Републиканците ги контролираа двата дома на Конгресот и во 2017 и 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира