РЕСТОРАНОТ „РОБИН ХУД“ ИМ НАПЛАЌА НА БОГАТИТЕ ЗА ДА ГИ ХРАНИ СИРОМАШНИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Шпанија,(НПР)

    РЕСТОРАНОТ „РОБИН ХУД“ ИМ НАПЛАЌА НА БОГАТИТЕ ЗА ДА ГИ ХРАНИ СИРОМАШНИТЕ

    Во ладните зимски вечери, еден човек облечен со две јакни влегува во убаво осветлениот ресторан во центарот на Мадрид. Вработените топло го поздравуваат, тој веќе дошол многу пати. Контролорот му ја проверува личната карта и гладниот човек одбира една маса со црвен чаршаф под големиот лустер од месинг. Човекот, Луис Гајардо, е бездомник како и сите други кои секој ден доаѓаат на вечера во ресторанот „Робин Худ“.

    „Сакам бездомниците да јадат со истото достоинство како и секој друг муштерија“, вели 80-годишниот католички свештеник Анхел Гарсија Родригез, кого сите го познаваат како Падре Анхел, кој го одржува ресторанот

    „Сакам бездомниците да јадат со истото достоинство како и секој друг муштерија“, вели 80-годишниот католички свештеник Анхел Гарсија Родригез, кого сите го познаваат како Падре Анхел, кој го одржува ресторанот

    Мисија на овој ресторан е да им наплаќа на богатите и да ги храни сиромашните. Муштериите кои плаќаат за појадок и ручек ги покриваат трошоците за бесплатната вечера за бездомниците. „Робин Худ“ стана најбараниот ресторан за резервации за ручек. Ресторанот собра вработени од луксузни хотели. Познати готвачи се редат за да зготват еднаш во неделата. За муштериите кои што плаќаат, периодот за ручек е полн до крај на март.

    Ресторанот се отвори во почетокот на декември, а го одржува 80-годишниот католички свештеник Анхел Гарсија Родригез, кого сите го познаваат како Падре Анхел.

    „Сакам да јадат со истото достоинство како и секој друг муштерија“, вели отец Анхел. „И со истиот квалитет, со кристални чаши, не пластични, и во атмосфера на пријателство и разговор. Надвор стои список со куќните правила: на патроните им се дозволува да пејат како сакаат, ако не ги вознемируваат другите муштерии. Можат да користат ви-фи и да позајмат телефон ако сакаат да се јават. Можат да носат своја храна и да порачат само пијачка, ако сакаат. Или можат да ја резервираат кујната за некоја роденденска или друга посебна прослава. Како основач на „Гласници на мирот“, локална добротворна организација, отец Анхел реконструираше и една напуштена црква близу до ресторанот и ја направи центар за заедницата. Таа е единствената црква во Мадрид што е отворена 24 часа во денот – со бесплатно кафе, телевизија и место каде бездомниците може да спијат. Гајардо, човекот со две јакни, вели дека оброкот го потсеќа на минатиот Божиќ, пред да банкротира неговата сметководителна компанија и тој морала да отпушти 60 вработени. Покажува слики околу Божиќната трпеза, како држи колачи и шише француско вино, сликите биле од пред две години во својата куќа, која што требал да ја продаде за да ги плати долговите.

    „Робин Худ“ стана најбараниот ресторан за резервации за ручек. Ресторанот собра вработени од луксузни хотели. Познати готвачи се редат за да зготват еднаш во неделата. За муштериите кои што плаќаат, периодот за ручек е полн до крај на март

    „Робин Худ“ стана најбараниот ресторан за резервации за ручек. Ресторанот собра вработени од луксузни хотели. Познати готвачи се редат за да зготват еднаш во неделата. За муштериите кои што плаќаат, периодот за ручек е полн до крај на март

    „Бевме како и секое друго семејство“, вели Гајардо (48). Сопругата сега го оставила, а тој живее на улица и спие во кабините на банкоматите. За својата иднина тој вели: „Мојата иднина е сега. Не можам ниту да зборувам за утрешниот ден. Би сакал да знам, но не знам што ќе донесе.“

    Шпанската економија можеби веќе не е во рецесија, но сѐ уште има последици од тоа време. Невработеноста сѐ уште е 20 проценти.

    Ресторанот „Робин Худ“ храни повеќе од 100 луѓе секоја вечер, во две смени. Во кујната, машината за перење садови само што се расипала. Една волонтерка почнува да ги мие садовите на рака.

    „Некои од нашите гости се многу образовани, а некои други се срамат што се дојдени“, вели Ниеве Куенка, пензионерка која доаѓа од време на време за да помогне во кујната. “Ја обожувам оваа работа. Ова е најдоброто нешто што сум можела да направам со мојот живот“, вели таа, со рацете до лакти во сапунестата вода.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира