Роберт Мугабе, долгогодишниот претседател на Зимбабве, денес поднесе оставка од функцијата по 37 години на власт, откако Парламентот започна постапка за импичмент.
„Мојата одлука да се повлечам е доброволна од моја страна и произлегува од мојата загриженост за благосостојбата на народот на Зимбабве. Одлуката за повлекување е резултат на мојата желба за мирен, ненасилен трансфер на власта“, вели Мугабе во неговото писмо, кое беше прочитано во Парламентот, и предизвика радост и танцување на улиците.
Колите почнаа да трубат со сирените, луѓето се радуваа на улиците, додека веста се ширеше како пожар низ главниот град Хараре. Мугабе, кој беше најстариот претседател на држава во светот на 93 години, рече дека треба да следат соодветни процедури за да се постави новото раководство.
Оставката на Мугабе стави крај на постапката за импичмент, која ја покрена владејачката ЗАНУ-ПФ партија, откако нејзиниот централен комитет гласаше да го тргне претседателот од лидерската позиција во партијата, и да го избере неодамна отпуштениот заменик-претседател Мнангагва како негов заменик. Овој чекор на владејачката партија може да доведе до тоа Мнангагва да стане претседател на Зимбабве. Тој во моментов е во егзил, а со децении служеше како извршител на Мугабе, со репутација дека е остроумен и безмилосен, и луѓето повеќе се плашеа од него, отколку што беше популарен.