РОБОТСКИ ВОЛЦИ, ДРОНОВИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЛАСЕРСКО ОРУЖЈЕ ПРЕТСТАВЕНИ НА ВОЕНАТА ПАРАДА ВО ПЕКИНГ

    РОБОТСКИ ВОЛЦИ, ДРОНОВИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЛАСЕРСКО ОРУЖЈЕ ПРЕТСТАВЕНИ НА ВОЕНАТА ПАРАДА ВО ПЕКИНГНекои оружја светот ги виде за првпат (Фото: Синхуа)

    Кина ги претстави своите стратешки сили на копно, море и воздух како нуклеарна тријада за првпат на денешната воена парада во Пекинг по повод Денот на победата. Тријадата вклучуваше ракета со долг дострел лансирана од воздух, интерконтинентална ракета лансирана од подморница и интерконтинентални ракети ланирани од копно.

    Воената парада не беше само демонстрација на сила, туку и огромна промоција на кинеско оружје за потенцијални купувачи, според аналитичарите. Некои оружја светот ги виде за првпат.

    Џиновски подводни дронови „AJX002“: овие екстра големи подводни возила без екипаж се масивни дронови слични на подморници кои можат да одат до 20 метри под вода.

    Дронови со вештачка интелигенција: Кина, исто така, покажа напаѓачки дронови способни да летаат заедно со борбен авион со екипаж.

    Кина за првпат ги претстави своите стратешки сили на копно, море и воздух како нуклеарна тријада (Фото: Синхуа)

    Ракети „донгфенг-5“: интерконтинентални стратешки нуклеарни ракети дизајнирани за лансирање од силосите во северна Кина, кои би можеле да се користат и за напаѓање цели во континенталниот дел од САД.

    Роботски волци: овие четириножни роботи се способни за извидување на фронтот, доставување залихи, па дури и за изведување прецизни напади врз цели, според кинеските државни медиуми.

    Ласерско оружје „LY-1“: поставено на врвот на оклопно возило „ХЗ-155 со осум тркала, тоа може да ја онеспособи или изгори електрониката, рече аналитичарот за одбрана Александер Нил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира