РОЛЕРКОСТЕР ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО ЗАБАВЕН ПАРК ВО СТОКХОЛМ, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    РОЛЕРКОСТЕР ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ ВО ЗАБАВЕН ПАРК ВО СТОКХОЛМ, ЕДЕН ЗАГИНАТВо моментот на несреќата на ролеркостерот се возеле 14 луѓе (Фото: АФП)

    Едно лице загина, а девет се повредени во несреќа на ролеркостер во забавен парк во Стокхолм. Очевидците кажаа дека ролеркостерот делумно излетал од шините за време на возење, при што некои од патниците паднале на земја.

    Денеска е тажен ден за забавниот парк Грона Лунд. Имавме многу сериозен инцидент со популарниот ролеркостер ‘Џетлајн‘, при што едно лице загина, а девет се повредени, меѓу кои има и деца“, изјави извршниот директор на паркот Јан Ериксон.

    Тројца од повредените се во сериозна состојба, а полицијата отвори истрага, поради што паркот стар 140 години ќе биде затворен една недела.

    Портпаролот на паркот изјави дека во моментот на несреќата на ролеркостерот се возеле 14 луѓе. „Џетлајн“ може да достигне брзина од 90 километри на час и височина од 30 метри, а годишно го користат еден милион луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира