РУБИО ГО ПОТВРДИ СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА САД СО ГРЦИЈА НА СРЕДБАТА СО ГЕРАПЕТРИТИС

    РУБИО ГО ПОТВРДИ СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО НА САД СО ГРЦИЈА НА СРЕДБАТА СО ГЕРАПЕТРИТИСРубио и Герапетритис азговараа во Вашингтон само неколку часа по средбата на Доналд Трамп со Володимир Зеленски. (Фото: Грчко МНР)

    Државниот секретар на САД Марко Рубио ја потврди важноста на стратешкото партнерство на САД и Грција, на средбата со грчкиот колега Јоргос Герапетритис, пренесе „Катимерини“.

    Двајцата дипломати разговараа во Вашингтон само неколку часа по средбата на Доналд Трамп со Володимир Зеленски, на која што присуствуваше и Рубио.

    Во соопштение по средбата Рубио-Герапетритис, Стејт Департментот вели дека Рубио ја потврдил стратешката важност на американско-грчкото партнерство, нагласувајќи дека Грција е ценет член на НАТО и клучна за регионалната безбедност.

    Понатаму во соопштението се вели дека двајцата министри разговарале за борба против илегалната имиграција, како и дека САД ја поздравува посветеноста на Грција да ги исполни обврските од НАТО за трошење на одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира