РУСИЈА ГИ ИЗЛОЖИ ЗАПАДНИТЕ ВОЕНИ ТРОФЕИ ЗАРОБЕНИ ВО УКРАИНА

    РУСИЈА ГИ ИЗЛОЖИ ЗАПАДНИТЕ ВОЕНИ ТРОФЕИ ЗАРОБЕНИ ВО УКРАИНАНа изложбата можат да се видат повеќе од 30 заробени оклопни возила (Фото: Би-Би-Си)

    Западни тенкови и други парчиња воена опрема заробени од руските сили во Украина се изложени во Москва, со цел да се покаже дека западната помош нема да ја сопре Русија да победи во војната.

    Долги редици луѓе се формираа на влезот на изложбата насловена „Трофеите на руската војска“, што се одржува пред музејот кој ја слави советската победа над нацистичката Германија во 1945.

    Оштетен американски тенк „абрамс М1“ заробен во источна Украина (Фото: Би-Би-Си)

    Историјата се повторува. Силата е во вистината. Секогаш било така. И во 1943 и денес. Овие воени трофеи ја отсликуваат нашата сила. Никаква западна воена опрема нема да ја промени ситуацијата на бојното поле“, соопшти руското министерство за одбрана.

    На изложбата можат да се видат повеќе од 30 заробени оклопни возила, што вклучува британско возило за тактичка поддршка „хаски“, оштетен американски тенк „абрамс М1“ и германски тенк „леопард“. Изложени се и парчиња воена опрема произведени во Турција, Шведска, Австрија, Финска, Јужна Африка, Австралија и Чешка.

    Ова се случува додека Украина чека нова воена помош од западот, а во пресрет на 9 мај, кога Русија го слави Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира