РУСИЈА ГИ РАКЕТИРАШЕ КИЕВ И ДРУГИ ГРАДОВИ НИЗ УКРАИНА

    РУСИЈА ГИ РАКЕТИРАШЕ КИЕВ И ДРУГИ ГРАДОВИ НИЗ УКРАИНАВо Киев се погодени неколку станбени згради (Фото: АП)

    Русија го ракетираше Киев за првпат по повеќе од една недела, при што се оштетени станбени згради близу центарот, а напади истовремено се регистрирани и во други украински градови. Градоначачникот на Киев, Витали Кличко, кажа дека се погодени три згради во една населба, додека сирените за воздушна тревога се огласија низ цела Украина.

    Овие напади се случија набргу откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го напушти Бали, каде што учествуваше на самитот на Г20.

    Миколаив, Чернихив, Харкив, Лвов, Полтава и Днепар исто така биле цел на ракетни напади, при што била погодена клучна инфраструктура, кажаа тамошните власти.

    Новиот бран ракетни напади на Украина следува четири дена откако руските сили се повлекоа од Херсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира