РУСИЈА ГИ ЗАВРШУВА ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО СИРИЈА, КАЖА ПУТИН

    РУСИЈА ГИ ЗАВРШУВА ВОЕНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО СИРИЈА, КАЖА ПУТИНСредбата во Сочи се одржа без најава. - Владимир Путин и Башар ал Асад (Фото: АП)

    Русија ќе ги заврши своите воени операции во Сирија, му соопшти Владимир Путин на сирискиот претседател Башар ал Асад, на кого досега му даваше поддршка во разорната војна.

    Путин го нагости Асад во Сочи во пресрет на самитот на којшто ќе учествуваат Русија, Турција и Иран, како и претстојната нова рунда мировни преговори во Женева. Средбата не беше јавно најавена и Кремљ даде официјална изјава дури денеска наутро.

    „На Путин и на целиот руски народ им ги пренесувам поздравите и благодарноста за напорите што ги направија за да ја спасат мојата земја“, изјави Асад.

    Ова беше само второ излегување на Асад од Сирија откако во март 2011 почна крвавата војна, што ја уништи и подели земјата, при што загинаа околу 400.000 луѓе, а над милион станаа бегалци.

    Сега кога сириската влада контролира најголем дел од државата, а борците на Исламска држава се растурени, Путин му кажа на Асад дека Москва става крај на своите воени операции.

    „Оваа воена операција дојде до својот крај. Мило ми е што ја гледам вашата волја да соработувате со сите кои сакаат мир и договор“, изјави Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира