РУСИЈА ГО НАПАЃА ЦЕЛИОТ ФРОНТ ВО ДОЊЕЦК ВО ОБИД ДА ОБЕЗБЕДИ ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА ШТО ЈА ПРОГЛАСИ ЗА СВОЈА

    РУСИЈА ГО НАПАЃА ЦЕЛИОТ ФРОНТ ВО ДОЊЕЦК ВО ОБИД ДА ОБЕЗБЕДИ ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА ШТО ЈА ПРОГЛАСИ ЗА СВОЈАУкраинците велат дека сега никаде не напредуваат (Фото: АФП)

    Руските сили го гранатираат целиот фронт во регионот Доњецк, кажа регионалниот гуверенр Павло Куриленко, што се смета за обид на Москва да обезбеди барем дел од територијата на која што илегално полага право. Најжестоките борби се водат кај градовите Бахмут и Авдивка, а Куриленко додава дека руските трупи се обидуваат да напредуваат и кон Лиман, што Украинците го ослободија минатиот месец.

    Целиот источен фронт се гранатира. Русите ги засилија своите напори во Доњецк и Луганск. Тие сега се во активна фаза на своите офанзивни операции. Ние не напредуваме никаде, туку се браниме“, изјави советникот на претседателот Зеленски, Олексиј Арестович.

    Владимир Путин даваше различни изјави за целите на „специјалната воена операција“ откако почна во февруари и во меѓувреме стана јасно дека тие вклучуваат и проширување на руските граници. Кремљ вчера кажа дека руските сили се обидуваат да обезбедат дел од териториите во источна и јужна Украина кои беа прогласени за дел од Русија.

    САД најавија нова воена помош за Украина од 275 милиони долари, со која би требала да се засили проиввоздушната способност на Украина, но и нови санкции за Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира