РУСИЈА ГО РАКЕТИРАШЕ ХАРКИВ КАКО ОДМАЗДА ЗА ВЧЕРАШНИОТ УКРАИНСКИ НАПАД НА БЕЛГОРОД, ВО КОЈ ЗАГИНАА 24 ЦИВИЛИ

    РУСИЈА ГО РАКЕТИРАШЕ ХАРКИВ КАКО ОДМАЗДА ЗА ВЧЕРАШНИОТ УКРАИНСКИ НАПАД НА БЕЛГОРОД, ВО КОЈ ЗАГИНАА 24 ЦИВИЛИВластите на Харкив кажаа дека најмалку шест проектили го погодиле градот (Фото: АП)

    Русија објави дека денеска ракетирала воени цели во Харкив како одмазда за вчерашните смртоносни украински напади на Белгород, во кои загинале најмалку 24 цивили. Властите на Харкив кажаа дека најмалку шест проектили го погодиле градот, при што биле повредени 28 луѓе, по што уследила серија напади со дронови.

    Русија тврди дека го погодила седиштето на украинската разузнавачка служба за харкивскиот регион.

    Украинските воздушни сили соопштија дека војската соборила 21 од 49 руски дронови кои ноќеска биле лансирани кон регионите Харкив, Херсон, Миколаив и Запорожје.

    Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород кој се граничи со северна Украина, кажа дека во вчерашните украински ракетни напади на овој град загинаа 24 луѓе, 108 се повредени и се оштетени 37 станбени згради. Извор од украинските безбедносни служби изјави дека „цивилните жртви во Белгород се резултат на некомпетентното делување на руската противвоздушна одбрана и паднатите фрагменти“.

    Нападот на Белгород се случи ден по она што Киев го нарече најголемиот руски ракетен напад на Украина од почетокот на војната, во кој загинаа најмалку 45 цивили, од кои 22 во главниот град.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира