РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ДЕКА ГО СОБОРИЛА АВИОНОТ КОЈ ПАДНА ВО БЕЛГОРОД, УБИВАЈЌИ 65 УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ

    РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ДЕКА ГО СОБОРИЛА АВИОНОТ КОЈ ПАДНА ВО БЕЛГОРОД, УБИВАЈЌИ 65 УКРАИНСКИ ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИТранспортниот авион „иљушин ил-76“ се урна во поле близу селото Јаблоново (Фото: АП)

    Руското министерство за надворешни работи кажа дека Украина го соборила воениот авион кој денеска се урна во пограничниот руски регион Белгород. Руските власти кажаа дека во авионот имало 74 луѓе, вклучувајќи 65 украински воени заробеници кои оделе на размена, при што гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека нема преживеани.

    „Транспортниот авион ‘иљушин ил-76‘ се урна во поле близу селото Јаблоново. Сите во авионот загинале“, напиша Гладков на Телеграм.

    Пратеникот во рускиот парламент и пензиониран генерал Андреј Картаполов претходно изјави дека авионот бил погоден со три проектили, не откривајќи од каде му е таа информација.

    „Тоа беше апсолутно намерно. Тие многу добро знаеја дека авионот е на пат, каде се движи и операторите на украинските ракетни системи земја-воздух не можат да ги помешаат транспортните авиони со воени авиони или хеликоптери како мети. Тоа беше намерно направено за да се саботира размената на заробеници“, изјави Картаполов.

    Видеоснимка објавена на Телеграм покажува како голем авион паѓа близу селото Јаблоново, по што експлодира. Ова село е оддалечено стотина километри од украинската граница. Украина кажа дека ќе се воздржи од коментирањето на несреќата додека не добие веродостојни информации.

    „Коментарите ќе дојдат малку подоцна. Потребно е време да се разјаснат сите податоци“, изјави советникот на Зеленски, Михајло Подољак.

    Андриј Јусов, портпаролот на украинската воена разузнавачка агенција, потврди дека денеска била планирана размена на заробеници, која засега не се случила.

    Русија и Украина имаат разменето стотици воени затвореници од почетокот на војната. Во почетокот на овој месец се случи најголемата размена, која вклучи 230 Украинци и 248 Руси,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира