РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ДЕКА ЈА НАПАДНАЛА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ СО ДРОНОВИ, ПОГОДЕН ЕДЕН РЕАКТОР

    РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ДЕКА ЈА НАПАДНАЛА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ СО ДРОНОВИ, ПОГОДЕН ЕДЕН РЕАКТОРВо нападот не била причинета сериозна штета, а нивото на радијацијата останало нормално (Фото: ЕПА)

    Меѓународнта агенција за атомска енергија (ИАЕА) го осуди нападот со дронови врз еден од реакторите на нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа, велејќи дека такви напади го зголемуваат ризикот од голема нуклеарна несреќа. Русија ја обвини Украина за нападот, во кој биле ранети тројца луѓе, додека Киев негираше дека е вмешан.

    Шефот на ИАЕА, Рафаел Гроси, потврди дека главниот реактор бил директно погоден најмалку трипати.

    Ова беше многу невнимателно и не смее да се случува“, напиша Гроси на Икс, додавајќи дека тоа бил прв таков напад од ноември 2022.

    Според управителите на централата, во нападот не била причинета сериозна штета, немало жртви, а нивото на радијацијата останало нормално.

    Штетата на единицата 6 не ја загрози нуклеарната безбедност, но ова е сериозен инцидент“, соопшти ИАЕА.

    Руските сили ја зазедоа нуклеарката во раната фаза од војната. Таа престана да произведува струја во 2022, но мора постојано да се напојува со електрична енергија заради ладење на еден од реакторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира