Русија ја додаде американската технолошка компанија „Мета“ на својата листа на терористички и екстремистички организации. Ова следува откако московскиот суд во јуни ја отфрли жалбата на „Мета“, која пред тоа беше обвинета за екстремистичка активност во Русија.
„Компанијата која ги поседува Фејсбук и Инстаграм е забранета во Русија“, соопшти руската агенција за финансиски мониторинг Росфинмониторинг, додавајќи дека банките мора да ги замрзнат средствата на компанијата.
Руската влада уште во март ги блокираше социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Инстаграм.