РУСИЈА ЌЕ ГРАДИ ДВА НУКЛЕАРНИ РЕАКТОРИ ВО УНГАРИЈА

    РУСИЈА ЌЕ ГРАДИ ДВА НУКЛЕАРНИ РЕАКТОРИ ВО УНГАРИЈАКонтролната соба на нуклеарната централа Пакс. (Фото: Cecilia, Lili & Krisztian)

    Руската компанија „Росатом“ ќе почне со изградба на два нуклеарни реактори во Унгарија во следните недели, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Договорот, склучен меѓу Русија и Унгарија во 2014 година, е со цел да се прошири постоечката нуклеарна централа Пакс. Руската нуклеарна индустрија не е под санкции на ЕУ за војната во Украина.

    Пакс во моментов обезбедува 40 отсто од потребите на Унгарија за електрична енергија.

    „Нека почне изградбата“, напиша Сијарто на Фејсбук.

    Со новите два реактори, капацитетот на Пакс, која веќе има четири советски реактори, ќе се удвои.

    „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од големи шокови со цените на енергенсите“, додаде Сијарто.

    Новите реактори треба да бидат готови до 2030 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира