Ако украинската војска употреби западно ненуклеарно оружје против Руската Федерација, тоа според новата доктрина би можело да доведе до нуклеарен одговор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.
Ова доаѓа откако Владимир Путин денеска ја ажурираше руската нуклеарна доктрина, за која Песков кажа дека би требала да биде добро проанализирана во земјата и во странство.
„Употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но ажурирањето на доктрината беше неопходно за да се усогласи со моменталната политичка ситуација“, изјави Песков.
Според новата нуклеарна доктрина на Русија, секоја агресија од држава која не поседува нуклеарно оружје, ако е поддржана од нуклеарна сила, ќе се смета за заеднички напад врз Русија.
„Русија може да користи нуклеарно оружје во случај на критична закана за нејзиниот суверенитет, дури и со конвенционално оружје, напад врз Белорусија или масовно лансирање на воени авиони, крстосувачки ракети, беспилотни летала или други десантни возила кои ги преминуваат руските граници“, стои во новиот документ.
Ова се случува на денот кога Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на руската инвазија, која би можела да влезе во нова фаза ако на Украина навистина ѝ се дозволи да ја напаѓа Русија со западни проектили со долг дострел.