РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ 440 ДРОНОВИ И 32 ПРОЕКТИЛИ КОН УКРАИНА, НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО КИЕВ

    РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ 440 ДРОНОВИ И 32 ПРОЕКТИЛИ КОН УКРАИНА, НАЈМАЛКУ 14 МРТВИ ВО КИЕВНападот врз Киев траел повеќе од девет часа (Фото: АП)

    Најмалку 14 луѓе загинаа, а стотина се повредени во еден од најголемите руски напади врз Киев од почетокот на војната. Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко изјави дека Русија лансирала 440 дронови и 32 проектили кон земјата.

    Нападот врз Киев траел повеќе од девет часа, при што мета биле 27 градски окрузи. Во еден случај, балистички проектил погодил деветкатна станбена зграда, кажаа официјални лица.

    Спасувачките екипи се на терен и се обидуваат да ослободат луѓе од урнатините“, кажа Клименко.

    Русија ги засили воздушните напади врз украинските градови во изминатите недели, при што тактиката најчесто се состои од лансирањето голем број дронови истовремено.

    Ова е чист тероризам. Путин изведува вакви големи напади само зашто може да си дозволи да ја продолжува војната“, кажа Володимир Зеленски.

    Дронови ја погодија и Одеса, каде што загинало едно лице.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира