РУСИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД АВДИВКА, ПОДГОТВУВА ТРЕТ БРАН НА ОФАНЗИВАТА СО 40.000 ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ УКРАИНА

    РУСИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД АВДИВКА, ПОДГОТВУВА ТРЕТ БРАН НА ОФАНЗИВАТА СО 40.000 ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ УКРАИНААвдивка им е важна на двете страни поради близината на Доњецк (Фото: Гети)

    Руските трупи ги засилуваат нападите на источниот украински град Авдивка, каде што, според украинската војска, Русија подготвува трет бран на офанзивата, распоредувајќи 40.000 војници на овој дел од фронтот. Авдивка, која проруските сепаратисти на кратко ја зазедоа во 2014, е позната по својата фабрика за кокс и нејзината позиција овозможува пат кон 20 километри оддалечениот град Доњецк, поради што им е важна на двете страни.

    Олександр Бородин, портпаролот на третата јуришна бригада на украинската војска, вели дека Русите изведуваат главно пешадиски напади, додека воената опрема ја користат од дистанца.

    Нивните движења сега се доста густи. Не е само пешадијата, туку дејствуваат и артилерија, дронови и авијација. Русија не успева доволно брзо да ги надополни своите залихи, а украинските позиции се стабилни“, изјави Бородин.

    Тој вели дека засилената офанзива почнала по настаните во Израел.

    Веројатно верувале дека тоа е најдоброто време за напредување, но досега немаа сериозни успеси“, вели Бородин.

    Шефот на воената управа на Авдивка, Витали Барабаш, изјави дека руските бомбардирања траат деноноќно, но есенските дождови ја направија земјата влажна, поради што напредувањето е отежнато.

    Третиот бран дефинитивно ќе се случи. Непријателот се прегрупира по неуспешниот втор бран напади“, изјави Барабаш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира