РУСИЈА ОБЈАВИ СНИМКА ОД УНИШТЕН УКРАИНСКИ ДРОН И КАЖА ДЕКА ПОВЕЌЕТО БИЛЕ СОБОРЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ПРЕД РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН

    РУСИЈА ОБЈАВИ СНИМКА ОД УНИШТЕН УКРАИНСКИ ДРОН И КАЖА ДЕКА ПОВЕЌЕТО БИЛЕ СОБОРЕНИ СТОТИЦИ КИЛОМЕТРИ ПРЕД РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИНРусија вели дека во нападот биле употребени 91 дрон (Фото: Гети)

    Руското министерство за одбрана се огласи два дена откако Украина беше обвинета дека се обидела да ја нападне резиденцијата на Владимир Путин во северна Русија со дронови. Тоа објави видеоснимка од уништен дрон и кажа дека повеќе од половина од дроновите биле соборени стотици километри пред имотот на Путин.

    Информацијата за наводниот напад прв ја прошири рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделникот кажа дека Украина употребила 91 дрон, кои биле соборени од руската противвоздушна одбрана. Притоа немало жртви и штети, но Русија порача дека ќе ја преиспита и заостри својата преговарачка позиција и најави одмазда.

    Украина го изврши нападот во неколку правци кон резиденцијата на рускиот претседател, минувајќи над регионите Брјанск, Смоленск, Твер и Новгород. Педесет од 91 беспилотно летало што се користеле во нападот биле пресретнати над регионите Брјанск и Смоленск“, изјави генерал-мајорот Александар Романенков, кој раководи со ракетните трупи на руските воздухопловни сили.

    Мапата прикажана на состанокот во Министерството за одбрана покажа дека центарот на пресретнатите летала во Брјанск и Смоленск бил приближно 520 километри јужно од Валдај, каде што се наоѓа резиденцијата на Путин.

    Романенков, кој не објасни како војската утврдила дека тие 50 дронови биле на пат кон Валдај, рече дека уште 41 дрон биле соборени во регионот Новгород. Министерството за одбрана претходно објави дека соборило само 18 украински дронови во регионот меѓу неделата и понеделникот.

    Според Романенков, дроновите биле лансирани од украинските региони Суми и Чернихив во „планиран напад“, кој бил спречен, при што немало жртви и штети.

    Видео објавено од Министерството прикажува руски војник како стои покрај остатоци од уред за кој се вели дека е украински дрон „чаклун“, кој носел шест килограми експлозив, што не детонирал.

    Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи, изјави дека снимката е смешна и дека „Киев е апсолутно уверен дека не се случил таков напад“.

    Американскиот амбасадор во НАТО Метју Витакер изрази сомнеж во обвинувањата дека Украина ја нападнала резиденцијата на Путин, велејќи дека сака да види американски разузнавачки докази за тоа.

    Нејасно е дали тоа навистина се случило. Ми изгледа малку чудно да бидеме толку блиску до мировен договор, што Украина навистина го сака, а потоа да се направи нешто што би било неодговорно или некорисно“, рече Витакер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира