РУСИЈА ОДБИ СРЕДБА ПУТИН-ЗЕЛЕНСКИ НА ТРЕТАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО УКРАИНА, КОИ ТРАЕЈА 40 МИНУТИ

    РУСИЈА ОДБИ СРЕДБА ПУТИН-ЗЕЛЕНСКИ НА ТРЕТАТА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ СО УКРАИНА, КОИ ТРАЕЈА 40 МИНУТИРусија повторно повика на кратки прекини на огнот од 24-48 часа за да се соберат тела од фронтот (Фото: ТАСС)

    Русија и Украина договорија нови размени на заробеници на третата рунда мировни разговори во Истанбул, но остануваат далеку од договор во врска со условите за прекин на огнот и можна средба на нивните лидери. Разговорите траеја само 40 минути.

    Шефот на украинската делегација Рустем Умеров кажа дека предложиле Владимир Путин и Володимир Зеленски да се сретнат на крајот на август, со учество на Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган.

    „Со прифаќањето на овој предлог, Русија би го покажала својот конструктивен пристап“, рече Умеров.

    Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави дека целта на ваква лидерска средба треба да биде потпишување договор, а не да се разговара за сѐ од нула.

    Русија повторно повика на кратки прекини на огнот од 24-48 часа за да се соберат тела од фронтот, додека Украина се залага за моментално и подолготрајно примирје.

    Разговорите се одржаа една недела откако Доналд Трамп ѝ постави ултиматум на Русија да прифати мировен договор во рок од 50 дена или ќе се соочи со сериозни санкции, заедно со земјите кои купуваат нафта од неа. Нема назнаки дека Русија и Украина напредуваат кон таа цел.

    Медински кажа дека е договорено да се разменат по 1.200 воени заробеници и дека Русија понудила да предаде 3.000 тела на украински војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира