РУСИЈА ОКУПИРА 20% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИЈА ОКУПИРА 20% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА УКРАИНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски вели дека Донбас е целосно уништен (Фото: Гети)

    Руските сили моментално окупираат 20% од територијата на Украина, изјави претседателот Володимир Зеленски. Тој додаде дека линијата на фронтот е долга повеќе од илјада километри, од регионот Харкив на 

    Мора да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбени формации на руската војска се вклучени во оваа агресија“, кажа Зеленски.

    Војната во Украина се ближи кон 100. ден и Русија во меѓувреме ја откажа офанзивата на Киев и беше принудена да ги повлече своите сили од околината на Харкив. Руските воени напори моментално целосно се насочени кон „ослободувањето“ на источните региони Доњецк и Луганск. Ситуацијата е најкритична во Северодоњецк, кој по неколку недели интензивни борби и бомбардирања речиси целосно е под контрола на руските трупи.

    Донбас е целосно уништен, а своевремено беше еден од најмоќните индустриски центри во Европа“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира