РУСИЈА ОСТАНУВА НЕУНИШТЛИВАТА БАРИЕРА ПРОТИВ НАЦИЗМОТ, КАЖА ПУТИН НА ВОЕНАТА ПАРАДА ВО МОСКВА ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

    РУСИЈА ОСТАНУВА НЕУНИШТЛИВАТА БАРИЕРА ПРОТИВ НАЦИЗМОТ, КАЖА ПУТИН НА ВОЕНАТА ПАРАДА ВО МОСКВА ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТАНа парадата учествуваа и војници од Кина, Северна Кореја, Виетнам и Монголија (Фото: АП)

    Русија ја одбележа 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна со огромна воена парада на Црвениот плоштад во Москва, во присуство на Владимир Путин и странски државници. Обраќајќи им се на присутните, Путин кажа дека Русија се сеќава на лекциите од Втората светска војна, која ја спореди со денешната војна во Украина.

    „Русија беше и ќе остане неуништлива бариера против нацизмот, русофобијата и антисемитизмот. Вистината и правдата се на наша страна. Целата земја и целиот народ ги поддржуваат учесниците во специјалната воена операција во Украина“, изјави Путин.

    Откако во последен момент своето доаѓање го откажаа лидерите на Азербејџан и Лаос, Путин на парадата нагости 27 шефови на држави, вклучувајќи ги претседателите на Кина, Бразил, Венецуела и Србија, додека од ЕУ дојде само словачкиот премиер Роберт Фицо.

    Путин нагости 27 шефови на држави на парадата (Фото: Риа новости)

    Заповедникот на руските копнени трупи Олег Саљуков ја предводеше парадата на 11.000 војници, вклучувајќи 1.500 кои се бореле во Украина. На парадата учествуваа и 102 кинески војници, како и воени контингенти од Северна Кореја, Виетнам и Монголија, додека руската војска покажа разни видови воена опрема.

    Путин еднострано прогласи тридневен прекин на огнот во чест на Денот на победата, иако Украина кажа дека борбите продолжиле и примирјето било прекршено над 700 пати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира