Русија го блокираше Твитер и се закани да го направи истото со Фејсбук, обвинувајќи го за цензура. Руското регулаторно тело Роскомнадзор вели дека Фејсбук ги крши праватa и слободите на руските граѓани.
Фејсбук одговори дека нема да прекине со проверка на фактите и со обележувањето на содржината објавена од државни медиуми.
Организацијата која ја мониторира поврзаноста на интернетот „НетБлокс“ вели дека има речиси целосна рестрикција на Твитер во Русија. Ова се случува откако почна руската инвазија на Украина и многу фотографии и видеа од инвазијата почнаа да се шират на социјалните мрежи. „НетБлокс“ вели дека Фејсбук и Инстаграм засега функционираат нормално во Русија.