РУСИЈА ПРЕТРПЕЛА ПОВЕЌЕ ВОЕНИ ЗАГУБИ ОД КОЈА БИЛО ДРУГА ДРЖАВА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ

    РУСИЈА ПРЕТРПЕЛА ПОВЕЌЕ ВОЕНИ ЗАГУБИ ОД КОЈА БИЛО ДРУГА ДРЖАВА ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈУкраина вели дека Русија мобилизира над 40.000 нови војници месечно (Фото: ТАСС)

    Русија платила исклучителна цена за минимални добивки во војната во Украина, вели нов извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) од Вашингтон. Според него, руските сили претрпеле речиси 1,2 милиони жртви од почетокот на инвазијата пред речиси четири години, што е рамно на бројот на жители на Брисел.

    ЦСИС појасни дека оваа бројка вклучува убиени, ранети и исчезнати, при што само бројот на загинати изнесува 325.000. Кремљ го отфрли извештајот како неверодостоен.

    „Ниту една голема сила не претрпела ни приближно ваков број на воени жртви од Втората светска војна“, велат од ЦСИС.

    Оттаму додаваат дека американските воени жртви се значително помали, при што САД имале 54.487 загинати војници во Корејската војна и 47.434 загинати во Виетнамската војна. Американските воени интервенции во последните децении поминале со уште помали жртви, со 149 загинати во Заливската војна, 2.465 во Авганистан и 4.432 во Ирак.

    „И покрај огромните човечки загуби, руските сили напредуваат со просечна стапка од 70 метри на ден. Ова е побавно од најбруталните воени офанзиви во минатиот век, вклучувајќи ја и озлогласената Битка на Сома за време на Првата светска војна“, соопшти ЦСИС.

    Извештајот проценува дека вкупниот број жртви на војната во Украина би можел да надмине два милиона до пролет 2026.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира