РУСИЈА ПРОТЕРА 6 БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТИ КОИ ГИ ОБВИНИ ЗА ШПИОНАЖА

    РУСИЈА ПРОТЕРА 6 БРИТАНСКИ ДИПЛОМАТИ КОИ ГИ ОБВИНИ ЗА ШПИОНАЖАБританија вели дека потегот е „целосно неоснован“; - Британската амбасада во Москва. (Фото: АП)

    Русија ќе протера шест британски дипломати кои ги обвинува за шпионирање и „субверзивни активности“. Руската државна телевизија цитираше официјален претставник на службата за безбедност позната како ФСБ кој рекол дека тие ќе бидат протерани. ФСБ соопшти дека добила документи кои укажуваат оти дипломатите биле испратени во Русија од Одделот на британското Министерство за надворешни работи „чија главна задача е да ѝ нанесе стратешки пораз на нашата земја“ и дека тие биле вклучени во „собирање разузнавачки и субверзивни активности“.

    Обединетото Кралство соопшти дека „целосно неоснованиот“ потег е направен пред неколку недели и е поврзан со нејзината акција во мај за отповикување на акредитацијата на аташе во Руската амбасада и ограничување на дипломатските активности на Москва во Лондон.

    Потегот се случува два дена откако САД и Велика Британија ветија речиси 1,5 милијарди долари дополнителна помош за Украина, и додека украинските власти ги обновија барањата да користат проектили обезбедени од Западот против цели подлабоко во Русија.

    Протерувањето е во време додека премиерот Кир Стармер е во посета Вашингтон на разговори со претседателот Џо Бајден, што ќе го вклучи барањето на Украина да користи оружје доставено од Запад против цели во Русија. Стармер на пат кон САД рече дека Британија „не бара никаков конфликт со Русија“.

    „Русија го започна овој конфликт. Русија незаконски ја нападна Украина. Русија може веднаш да го прекине овој конфликт“, озјави Стармер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира