РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА ГО НАПАДНАЛА РУСКИОТ РЕГИОН БРЈАНСК СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА ГО НАПАДНАЛА РУСКИОТ РЕГИОН БРЈАНСК СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛРуското министерство за одбрана соопшти дека во нападот биле користени проектили „АТАЦМС“

    Русија кажа дека Украина испукала американски проектили со долг дострел кон руската територија, ден откако медиумите објавија дека Вашингтон дал одобрение за вакви напади. Руското министерство за одбрана соопшти дека во нападот врз рускиот регион Брјанск биле користени проектили „АТАЦМС“, кои имаат дострел до 300 километри.

    „Пет проектили беа соборени, а еден оштетен, при што негови остатоци предизвикаа пожар во воен објект во овој регион. Во нападот немаше жртви, а пожарот брзо беше изгаснат“, кажа министерството.

    Ова е првпат од почетокот на војната да биде нападната меѓународно призната руска територија со проектили со долг дострел. Москва вчера се закани дека секој ваков напад ќе доведе до соодветен и опиплив одговор.

    Украина претходно потврди дека погодила складиште со муниција во Брјанск, но не кажа како бил изведен нападот. Складиштето се наоѓа околу 100 километри од границата, близу градот Карачев.

    Владимир Путин денеска ја одобри промената на руската нуклеарна доктрина, според која Русија ќе може да одговори со нуклеарно оружје ако Украина ја нападне со западни проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира