Долниот дом на рускиот парламент едногласно усвои закон за забрана на промовирањето на живот без деца, со надеж дека ќе се зголеми опаднатиот наталитет.
Официјални податоци објавени во септември покажаа дека наталитетот е на најниско ниво во последните 25 години, додека стапката на смртност расте среде војната во Украина. Кремљ ги опиша бројките како „катастрофални за иднината на нацијата“.
Владимир Путин, кој ја смета Русија за бастион на традиционалните вредности, ги охрабри жените да имаат најмалку три деца, велејќи дека тоа ќе ја помогне иднината на Русија. Веќе има и финансиски и други стимулации за тоа.
Законот се надоврзува на други ограничувања на слободно изразување, како забрана на истополови врски и критикување на војната во Украина. Оние кои ќе промовираат живот без деца ќе бидат казнети со суми од 400.000 рубли (4.100 долари) до пет милиони рубли (51.000 долари).
Во првата половина на 2024 во Русија биле родени речиси 600.000 деца, 16.000 помалку во споредба со истиот период лани. Во исто време, бројот на починати пораснал за 49.000, а имиграцијата се зголемила за 20%.