РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ПОЧНАЛА ОФАНЗИВА ВО КУРСК, ПРИ ШТО СЕ ОСЛОБОДЕНИ ДЕСЕТИНА СЕЛА

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ПОЧНАЛА ОФАНЗИВА ВО КУРСК, ПРИ ШТО СЕ ОСЛОБОДЕНИ ДЕСЕТИНА СЕЛАЗеленски минатата недела кажа дека Украина контролира 100 населени места во Курск (Фото: ТАСС)

    Руската војска почнала значајна противофанзива против украинските сили во Курск и притоа успеала да поврати дел од територијата, велат проруски воени блогери и воени заповедници.

    Украина на 6 авуст изврши изненадувачки упад во Курск со илјадници војници, заземајќи стотина населени места, а главната цел на офанзивата беше да се принуди Русија да премести дел од трупите од источниот фронт.

    Генерал-мајорот Апти Алаудинов, кој командува со одредот на специјалните чеченски сили „Ахмат“ во Курск, изјави дека руските трупи тргнале во офанзива и веќе имаат ослободено десетина населени места.

    „Ситуацијата е добра за нас. Ослободени се околу десет населени места во Курск“, кажа Алаудинов.

    Володимир Зеленски минатата недела кажа дека Украина контролира 100 населени места на територија од над 1.300 квадратни километри, што беше оспорено од руските извори.

    И влијателни руски воени блогери објавија дека Русија почнала противофанзива во Курск.

    „Руската војска успеа да ја намали украинската зона на контрола покрај државната граница. Заземени се неколку села“, беше објавено на блогот „Ту мејџорс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира