Дрон чија цел најверојатно била цивилна инфраструктура падна близу Москва, објави регионалниот гувернер Андреј Воробјeв. Инцидентот се случил кај гратчето Коломна, 110 километри југоисточно од руската престолнина.
„Целта најверојатно бил објект од цивилната инфраструктура. Нема жртви и штети на теренот“, кажа Воробјeв.
Според некои објави на Телеграм, станува збор за дрон од украинско производство, кој има дострел од 800 километри.
Ова следува откако руското министерство за одбрана соопшти дека ноќеска биле спречени два украински напада со дронови на руската територија.
„Киевскиот режим ноќеска се обиде да употреби беспилотни летала за да нападне цивилна инфраструктура во јужните региони Краснодар и Адигеја. Двата дрона беа онеспособени од електронските уреди на руската војска и скршнаа од својата патека на движење, по што паднаа без да предизвикаат штета“, соопшти министерството.