Русија втор ден по ред изведе воздушен напад врз Украина, откако вчера лансираше над 200 проектили и дронови. Украинските воздушни сили објавија дека утрово се забележани лансирања на хиперсонични проектили и масовен напад со дронови и дека целата земја е во опасност од воздушен напад.
Руското министерство за одбрана кажа дека со проектили со долг дострел се гаѓани енергетски и други инфраструктурни објекти низ Украина, вклучувајќи ги регионите на Киев, Лвов, Харкив и Одеса.
Во вчерашниот воздушен напад, опишан како најголем од почетокот на војната, загинаа најмалку седум луѓе, а во многу градови снема струја. Украина кажа дека Русија притоа лансирала 127 проектили и 109 дронови.
Портпаролот на украинските воздушни сили изјави дека утрово имало неколку полетувања на руските бомбардери „ту-95МС“ од аеродромот „Енгелс“ во западна Русија, при што во нападите загинале најмалку две лица во Криви Рих и уште две во градот Запорожје.