РУСИЈА ЗА ДВА ДЕНА РАКЕТИРАЛА 30% ОД УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРА

    РУСИЈА ЗА ДВА ДЕНА РАКЕТИРАЛА 30% ОД УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА ИНФРАСТРУКТУРАМилиони луѓе останаа без струја по нападите во понеделникот и вторникот (Фото: АП)

    Русија погодила 30% од украинската енергетска инфраструктура во ракетните напади во понеделникот и вторникот, изјави министерот за енергетика на Украина, Герман Халушченко.

    Испраќаме порака до нашите партнери: мора да го заштитиме небото. На нив не им е грижа за какви било меѓународни договори и конвенции“, кажа Хачушченко.

    Украинските власти ги советуваа граѓаните да не користат домашни уреди како рерни и машини за перење за да се штеди струја, откако милиони луѓе останаа без електрична енергија по најголемите руски ракетни напади од почетокот на војната.

    Владимир Путин призна дека ракетирањата биле одмазда за нападот на мостот на Крим во саботата, додавајќи дека цел била украинската енергетска, воена и комуникациска инфраструктура. Во понеделникот загинаа 19 цивили, а над 100 се ранети.

    САД и сојузниците ветија дека Украина ќе добие напредни противвоздушни системи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира