Најмалку осум луѓе загинаа откако руските сили бомбардираа трговски центар во Киев.
„Како резултат на непријателскиот ракетен напад и пожарот што уследи, уништен е трговски центар, а оштетени се бројни околни згради и паркирани автомобили“, објави јавниот обвинител на Украина на Телеграм.
Тој додава дека бројот на жртвите би можел да расте. Трговскиот центар „Ретровил“ се наоѓа во северозападната киевска населба Подилски. Десеткатниот објект е целосно уништен во нападот.