РУСИТЕ БОМБАРДИРАА УЧИЛИШТЕ ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА 60 МРТВИ

    РУСИТЕ БОМБАРДИРАА УЧИЛИШТЕ ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, СЕ СТРАВУВА ДЕКА ИМА 60 МРТВИВо подрумот на училиштето се криеле над 90 жители на селото Билохоривка (Фото: С. Гајдај)

    Се стравува дека десетици луѓе загинале откако Русите бомбардираа училиште во селото Билохоривка во источна Украина. Регионалниот гувернер на Луганск, Серхиј Гајдај, кажа дека досега е потврдено дека загинале две лица, но очекува бројката да биде многу поголема зашто 60 луѓе се водат како исчезнати.

    „Руски авион вчера фрли бомба на училиштето во кое се криеле околу 90 цивили, предизвикувајќи пожар кој ја зафати целата зграда. Триесет луѓе се спасени“, изјави Гајдај.

    Тој додаде дека пожарот бил изгаснат по речиси четири часа, по што биле пронајдени две тела во урнатините.

    „Шеесет луѓе веројатно загинале под урнатините. Речиси целото село се криело во подрумот на училиштето“, кажа Гајдај.

    Билохоривка се наоѓа во близина на Северодоњецк, во чии предградија вчера се воделе жестоки борби.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира