РУСИТЕ БОМБАРДИРАА ЗАТВОР ВО ЗАПОРОЖЈЕ, НАЈМАЛКУ 16 ЗАГИНАТИ

    РУСИТЕ БОМБАРДИРАА ЗАТВОР ВО ЗАПОРОЖЈЕ, НАЈМАЛКУ 16 ЗАГИНАТИУкраина го опиша нападот како „уште едно воено злосторство извршено од Русија“ (Фото: АП)

    Најмалку 16 луѓе загинаа, а над 30 се ранети во руски воздушен напад врз затвор во украинскиот регион Запорожје. Регионалниот гувернер Иван Федоров изјави дека руските сили лансирале осум високоексплозивни воздушни бомби.

    Шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, го опиша нападот како „уште едно воено злосторство извршено од Русија“.

    Федоров кажа дека се уништени згради на еден од затворите во Запорожје, без да каже каде точно се случил нападот.

    „Напад врз затвор е грубо кршење на хуманитарното право зашто затворениците не го изгубиле правото врз живот и заштита“, кажа украинскиот комесар за човекови права.

    Нападот уследи ден откако Доналд Трамп му упати нов ултиматум на Владимир Путин да прифати прекин на огнот со Украина во рок од десет до 12 дена. Зеленски кажа дека ноќеска биле нападнати 73 украински градови и села, при што загинале вкупно 22 луѓе, а 85 биле повредени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира