Најмалку десет луѓе загинаа во денешниот руски артилериски напад врз украинскиот град Костјантинивка во регионот Доњецк, при што бил погоден супермаркет, објавија властите. Во нападот се оштетени и други објекти.
„Русија ќе добие одговор на овој терор“, кажа Володимир Зеленски.
Тој додаде дека во нападот има најмалку 35 ранети, а бројот на жртвите би можел да расте зашто под урнатините има уште луѓе.
Во сличен напад врз градот во септември 2023 загинаа 17 луѓе.