РУСИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ШОЈГУ Е ЖИВ

    РУСИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ШОЈГУ Е ЖИВШојгу последен пат бил виден во јавност на 11 март (Фото: Фејсбук)

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу е снимен како води состанок на армијата, што е негово прво прикажување во јавност по повеќе од две недели. На снимката што ја објави министерството за одбрана, Шојгу дискутира за воениот буџет и за достава на оружје на руските сили во Украина.

    „Продолжуваме со предвремената испорака на оружје и опрема. Приоритет се високо прецизни оружја со долг домет, авионска опрема и одржување на подготвеноста на стратешките нуклеарни сили“, вели Шојгу на снимката.

    На состанокот присуствувал и шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов, кој исто така некое време не беше виден во јавност.

    Во медиумите имаше разни шпекулации за „исчезнувањето“ на Шојгу, дури и дека имал срцев удар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира