Повеќе од 100 куќи се поплавени во јужниот украински град Криви Рих откако Русите ракетирале брана, објавија официјални лица. Градоначалникот Олександр Викул изјави дека жителите од 22 улици биле повикани да се евакуираат.
„Две експлозии предизвикаа зголемување на протокот на водата од браната кон реката Ингулец, но ситуацијата сега е под контрола“, кажа Викул.
Киев тврди дека овие напади се одмазда за успешната противофанзива на украинските сили, која доведе до целосното повлекување на руските сили од североисточниот регион Харкив и го помести фронтот кон окупираниот регион Луганск. Претседателот Зеленски ја опиша Русија како терористичка држава по нападот на браната Карачунивске.
„Вие сте слабаци кои напаѓаат цивили откако избегавте од бојното поле. Браната немаше никаква воена вредност“, кажа Зеленски.
Градските власти кажаа дека водата избила од браната и го потопила речниот беег, но немало жртви.
„Нивото на водата во Ингулец сега е значително опаднат“, изјави Викул.
Руската војска претходно призна дека ракетирала електрани поради што милиони Украинци останаа без струја викендов.