РУСИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА БОМБАРДИРАЊЕ НА ОДЕСА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА БОМБАРДИРАЊЕ НА ОДЕСА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЖители на Одеса полнат вреќи со песок за одбрана на градот (Фото: АФП)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руските сили се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса, историски пристаништен град на брегот на Црното Море.

    „Тоа ќе биде воено злосторство, историско злосторство. Русите секогаш биле добредојдени во Одеса, а сега се спремаат да ја бомбардираат“, кажа Зеленски.

    Руските сили напредуваат од југот на земјата уште од почетокот на инвазијата на 24 февруари, при што го освоија Херсон и веќе неколку дена го држат Мариупол под опсада, но Одеса досега беше поштедена. Речиси милион луѓе живеат во Одеса, каде што се зборува и руски и украински и има бугарско и еврејско малцинство.

    „Има назнаки дека руската воена команда се фокусира на јужниот фронт, со цел да ја отсече Украина од Црното Море“, велат од украинската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира