Долниот дом на рускиот парламент ги усвои законите за анексија на четири украински региони, три дена откако Владимир Путин ја одобри на свеченоста во Кремљ. Никој од пратениците во Дума не гласал против.
„Одлуката е донесена едногласно. Во Руската Федерација има 89 субјекти“, кажа спикерот на Дума, Вјачеслав Володин.
Законите за анексија треба да ги потврди и Федералниот совет, каде што без опозиција само се потврдуваат политиките на Кремљ.
Москва минатата недела го почна формалниот процес на припојување на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, иако ниеден од овие региони не е под целосна руска контрола, а украинската војска е во противофанзива на истокот и југот.