РУСКАТА ГРУПА ВАГНЕР ЈА ИСКОРИСТУВА НЕСТАБИЛНОСТА ВО НИГЕР, РЕЧЕ БЛИНКЕН

    РУСКАТА ГРУПА ВАГНЕР ЈА ИСКОРИСТУВА НЕСТАБИЛНОСТА ВО НИГЕР, РЕЧЕ БЛИНКЕНБлинкен рече дека не мисли оти Русија или Вагнер го поттикнале пучот во Нигер но се обидуваат да го искористат. (Фото: АФП)

    Руската платеничка група Вагнер ја искористува нестабилноста во Нигер, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен за „Би-Би-Си“. Со земјата владее хунта по соборувањето на претседателот Мохамед Базум пред речиси две недели.
    Имаше сугестии дека водачите на пучот побарале помош од Вагнер, за која се знае дека е присутна во соседен Мали.

    Блинкен рече дека не мисли оти Русија или Вагнер го поттикнале пучот во Нигер. Сепак, САД беа загрижени поради тоа што групата „можеби ќе се манифестира“ во делови од регионот Сахел, изјави тој.

    „Мислам дека она што се случи и што продолжува да се случува во Нигер не беше поттикнато од Русија или од Вагнер, туку… тие се обидоа да го искористат тоа. Во секое место каде што оваа група Вагнер отишла следеше смрт, уништување и експлоатација, Несигурноста се зголеми, не се намали“, рече Блинкен. Тој додаде дека има „повторување на она што се случи во другите земји, каде што тие не донесоа ништо друго освен лоши работи за нив“.

    Се верува дека Вагнер има илјадници борци во земјите вклучувајќи ги Централноафриканската Република (ЦАР) и Мали, каде што има профитабилни деловни интереси, но исто така ги зајакнува дипломатските и економските односи на Русија. Борците на групата се обвинети за широко распространето кршење на човековите права во неколку африкански земји. И покрај ова, имаше шпекулации дека армијата на Нигер побарала помош од Вагнер бидејќи земјата се соочува со можност за воена интервенција.

    Воената хунта на Нигер го одби последниот дипломатски обид за повторно поставување на соборениот претседател, отфрлајќи ја предложената посета на претставниците на западноафриканскиот регионален блок, Африканската унија и Обединетите нации.

    ЕКОВАС, регионален блок од 15 западноафрикански држави, издаде краен рок до завчера за водачите на нигериската хунта да се откажат и да го вратат претседателот Базум. Овој рок беше игнориран и ЕКОВАКС треба да одржи состанок в четврток за да одлучи што понатаму.

    Вчера, заменичката-државен секретар на САД, Викторија Нуланд, одржа, како што рече, „тешки и искрени“ разговори со водачите на државниот удар, за кои ги рече дека ги разбираат ризиците од соработка со платениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира