РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА ИРАК Е ЦЕЛОСНО НЕОПРАВДАНА, СЕ ЗБУНИ ЏОРЏ БУШ

    РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА ИРАК Е ЦЕЛОСНО НЕОПРАВДАНА, СЕ ЗБУНИ ЏОРЏ БУШБуш беше претседател во 2003 кога САД извршија инвазија на Ирак

    Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја опиша инвазијата на Ирак како брутална и неоправдана, пред да се исправи и каже дека мислел на Украина. Седумдесет и петгодишниот Буш учествуваше на настан во Далас, каде што го критикуваше политичкиот систем во Русија.

    Резултат на таквата политика се отсуство на контрола и рамнотежа во земјата и одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, кажа Буш, пред да се исправи.

    Мислев, Украина“.

    Тој потоа се пошегува дека лапсусот се должи на неговите години, додека снимката од говорот потоа стана хит на интернет. 

    Буш беше претседател во 2003 кога САД извршија инвазија на Ирак под изговор дека располага со оружје за масовно уништување. Тоа никогаш не беше пронајдено, а во долгогодишната војна загинаа над 100.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира