РУСКАТА ШПИОНСКА АГЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ СРБИЈА ДЕКА ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО ОРУЖЈЕ

    РУСКАТА ШПИОНСКА АГЕНЦИЈА ЈА ОБВИНИ СРБИЈА ДЕКА ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО ОРУЖЈЕСрбија одржува блиски врски со Москва и не се приклучи кон западните санкции против Русија

    Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР) ја обвини воената индустрија на Србија дека ја снабдува Украина со оружје, и покрај официјалната неутралност на земјата во однос на војната. СВР кажа дека најмалку седум српски воени компании испратиле десетици илјади ракети и милиони патрони за мало оружје во Украина, користејќи лажни сертификати за крајните корисници.

    Овие испораки тешко можат да се оправдаат со хуманитарни причини. Нивната единствена намена е да се убиваат и повредуваат руски војници и цивили“, објави СВР, опишувајќи ги трансферите како „забивање нож во грбот на Русија“.

    Минатото лето, „Фајненшл тајмс“ објави дека од почетокот на војната Србија преку трети земји извезла во Украина муниција вредна 800 милиони евра. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој беше еден од ретките европски лидери кои присуствуваа на неодамнешната воена парада во Москва, тогаш го бранеше извозот како законски трансакции преку посредници, како САД, Чешка и Шпанија.

    Ние имаме пријатели и во Киев и во Москва. Тие се нашите словенски браќа“, кажа Вучиќ за „Фајненшл тајмс“.

    СВР ги обвини одбранбениот сектор на Србија и неименуваните „покровители“ дека сакаат да профитираат од крвта на братските словенски народи.

    Србија одржува блиски врски со Москва и многу зависи од рускиот гас. Иако е кандидат за членство во ЕУ, таа не се приклучи кон западните санкции против Русија поради војната во Украина. Десетици илјади Руси се преселиле во Србија по почетокот на инвазијата во февруари 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира