РУСКИ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ УБИЈА НАД 50 ЛУЃЕ ВО ПОЛТАВА, ПОГОДЕН Е ВОЕН ОБЈЕКТ

    РУСКИ БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ УБИЈА НАД 50 ЛУЃЕ ВО ПОЛТАВА, ПОГОДЕН Е ВОЕН ОБЈЕКТЗеленски нареди целосна истрага за нападот, во кој е оштетена зградата на воениот Институт за комуникации (Фото: Телеграм)

    Бројот на загинати во најсмртоносниот руски напад врз Украина оваа година порасна на 51, а 235 луѓе се повредени откако два балистички проектила го погодија градот Полтава, кој досега беше поштеден од големи уништувања. Володимир Зеленски нареди целосна истрага за нападот, во кој е оштетена зградата на воениот Институт за комуникации.

    Уште 15 луѓе би можеле да бидат под урнатините“, изјави Филип Пронин, гувернерот на Полтава.

    Украинската војска потврди дека жртвите се нејзини припадници, додека воени блогери објавија дека станува збор за питомци или мобилизирани мажи кои биле на обука.

    Се верува дека во нападот биле користени проектили „искандер“, кои се лансираат од стотици километри оддалеченост и на жртвите им оставаат малку време да се засолнат.

    Според нашите информации, во моментот кога била погодена во зградата се одржувала настава. Експлозиите се случиле неколку минути по огласувањето на сирените за тревога. Немало парада или друг сличен настан“, објави украинското министерство за одбрана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира