РУСКИ БОРБЕН АВИОН СЕ УРНА ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ

    РУСКИ БОРБЕН АВИОН СЕ УРНА ВО СТАНБЕНА ЗГРАДА, НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ЗАГИНАТИАвион од типот „су-34“ бил на тренинг лет кога му се запалил еден мотор (Фото: Твитер)

    Борбен авион се урна во станбена област во јужниот руски град Јејск, при што загинале најмалку три лица.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека авион од типот „су-34“ бил на тренинг лет кога му се запалил еден мотор. Пилотите успеале да се катапултираат.

    Според извештајот на пилотите, причината за уривањето е пожар на еден од моторите при полетувањето. На местото на падот, во дворот на станбен комплекс, горивото од авионот се запалило“, соопшти министерството.

    Локалните медиуми објавија дека пожарот зафатил пет ката од зградата, а дел од становите е уништен.

    Истражувачкиот комитет на Русија отвори криминален случај и испрати свои истражители на местото на несреќата.

    Јејск се наоѓа на спротивната страна од окупираната територија во јужна Украина, од која е одделена со Азовско Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира