Поранешниот руски воен заповедник Иван Попов, кој лани јавно изрази загриженост за големиот број руски жртви во војната во Украина, е уапсен под сомнение за измама од големи размери. Руските медиуми објавија дека на 49-годишниот генерал-мајор му е одреден двомесечен притвор.
Новинските агенции „ТАСС“ и „Риа новости“ кажаа дека Попов е обвинет за измама од големи размери и дека неговиот случај ќе биде предаден на воен суд.
Попов беше сменет од позицијата заповедник на 58. армија во јули 2023, откако укажа на големиот број загинати и ранети руски војници и обвини за недостиг на артилериска поддршка и разузнавачки информации.
„Беше неопходно или да молчиш и да бидеш кукавица или да кажеш онака како што е. Немав право да лажам во твое име, во името на моите паднати соборци, па ги истакнав сите проблеми што постојат“, кажа Попов во видеопораката што се прошири на социјалните мрежи.
Тој притоа ги обвини високите воени заповедници за предавство.