РУСКИ ГЕНЕРАЛ РАНЕТ ВО АТЕНТАТ ВО МОСКВА

    РУСКИ ГЕНЕРАЛ РАНЕТ ВО АТЕНТАТ ВО МОСКВАВладимир Алексеев е првиот заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ (Фото: Министерство за одбрана на Русија)

    Високо позиционираниот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.

    Алексеев е првиот заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ и беше ставен под европски санкции откако оваа агенција беше обвинета за напад со нервен агенс во Англија во 2018.

    Тој имаше значајна улога и во војната во Украина, при што учествуваше во разговорите со Украина за време на руската опсада на Мариупол и подоцна преговараше со шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин.

    Засега не е познато кој стои зад нападот врз Алексеев. Украина во минатото има преземено одговорност за неколку напади врз руски воени личности, вклучувајќи го убиството на генералот Игор Кирилов во јануари 2024 во Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира