Русија изгуби уште еден генерал во војната во Украина откако Роман Кутузов загинал на бојното поле во регионот Донбас, објавија државните медиуми. Кутузов имал чин генерал-мајор и бил заповедник на првиот армиски корпус на самопрогласената Народна Република Доњецк.
„Генералот ги предводел своите војници во напад во регионот Доњецк како да нема доволно полковници. Во исто време, тој беше командир како и секој друг, иако со повисок чин“, објави рускиот воен известувач Александер Сладков на Телеграм.
Руските државни медиуми досега ја имаат потврдено смртта на тројца руски генерали, додека украинската војска тврди дека загинале 12-мина. Повикувајќи се на јавно достапни податоци, независните руски медиуми во април објавија дека најмалку 317 руски офицери загинале во Украина, од кои една третина биле мајори, потполковници и полковници.