РУСКИ ГОТВАЧ УАПСЕН ВО ПАРИЗ ЗАШТО ПЛАНИРАЛ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ОЛИМПИЈАДАТА

    РУСКИ ГОТВАЧ УАПСЕН ВО ПАРИЗ ЗАШТО ПЛАНИРАЛ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ОЛИМПИЈАДАТАСе верува дека наводниот заговор не бил од терористичка природа (Фото: Шатерсток)

    Руски готвач кој живеел во Франција 14 години е уапсен под сомнение дека со странска сила планирал да изведе големи акти на дестабилизација за време на Олимписките игри во Париз, кои почнуваат в петок.

    Четириесетгодишниот маж бил уапсен при упадот во неговиот стан во централен Париз, при што бил пронајден документ поврзан со елитна единица на руските специјални сили која оперира под команда на Федералната служба за безбедност. Отворена е истрага за споделување разузнавачки информации со странска сила со цел да се предизвикаат непријателства во Франција, кривично дело кое се казнува со 30 години затвор. Се верува дека наводниот заговор не бил од терористичка природа.

    Според француските медиуми, агентите пронашле докази дека неименуваниот маж подготвувал обемен проект кој можел да има сериозни последици за време на Игрите. Тој бил следен со месеци, а во мај бил пресретнат негов телефонски разговор со посредник од руската разузнавачка служба.

    Церемонијата на отворањето ќе се одржи на реката Сена. Русија ќе има само 15 учесници, кои ќе настапуваат како неутрални.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира